Пејачот Арон Картер заврши во болница

Американскиот пејач Арон Картер, познат како помладиот брат на Ник Картер пејачот од групата „Бекстрит Бојс“ заврши во болница, пишуваат светските медиуми. Засега не е позната неговата здравствена состојба, а фотографија од него од болницата објави мајка му Џејн Картер.

„Мама ќе се грижи за тебе“, напишала Џејн на објавената фотографија.

Ник доби голем број коментари како поддршка. Многу фанови му посакаа побрзо да оздраве. Меѓу коментарите имаше и такви кои шпекулираа дека станува збор за дрога и дека младиот пејач се предозирал.

Неодамна Арон во едно од своите интервјуа призна во јавноста дека се бори со неколку болести истовремено и дека зема голема количина на лекови. Арон се најде во центарот на скандал откако полицијата во неговиот дом заплени голем дел од оружјето, а потоа се обиде да го однесе на психијатриско лечење.

 

 

Scroll to Top