Пејачот Артон Картер дебитира во порнофилм

Поранешната музичка ѕвезда, 32-годишниот Арон Картер, помладиот брат на Ник Картер од музичката група „Бекстрит бојс“, дебитира во порнофилм, пренесуваат светските медиуми.

Арон, кој беше познат како зависник од дроги и кој има неколку дијагнози на ментални болести, сега го сними своето прво домашно видео за страницата што може да ја видат само претплатници, OnlyFans.

Тој ја бојадиса косата во светлорозова боја и ја собра во пунџа. Со новиот имиџ Картер се пофали на својот инстаграм-профил, пишува „Мирор“.

Страницата OnlyFans многу бргу стана популарна и луѓето се подготвени да платат и големи износи за да видат познати лица, глумци и пејачи во домашни видеа.

Глумицата Бела Торн наводдно на таа страница за само еден ден заработила милион долари. Па затоа не чуди тоа што Картер се обидел да заработи во овие моменти, особено во време кога владее пандемијата на коронавирусот и музичката индустрија е целосно запрена, пренесуваат медиумите.

Наводно, во првото домашно видео Арон свирел гол на пијано и изведувал перверзни работи. Тој изјавил дека нема намера да снима во иднина вакви видеа, освен ако за тоа не добие минимум три милиони евра од епизода.

За потсетување, неговата свршеница Мелани минатиот месец дебитирала во порнофилм на слична ваква страница за фанови – CamSoda. Двајцата се свршија во јуни оваа година.

Арон неодамна јавно призна дека му биле дијагностицирани шизофренија, биполарно нарушување, манична депресија и акутна анксиозност. За време на интервјуто во емисијата The Doctors, Арон покажа вреќичка полна со лекови, терапија за неговите состојби.

Поради неговото проблематично однесување, неговиот постар брат Ник минатата година побара судска заштита од пејачот.

 

 

Scroll to Top