Пејачот и глумец Мит Лоф почина на 74 години

Музичарот и глумец Мајкл Ли Адеј, познат и како Мит Лоф (Meat Loаf) почина на 74 години. Тој почина на 20 јануари, а тажната вест ја потврди неговиот агент. Засега не се познати причините за смртта, а медиумите пренесоа дека последните моменти ги поминал со сопругата Дебора.

„Знаевме колку им значеше на многумина и ја цениме сета љубов и поддршка кои ги добивавме додека минуваме низ ова време на тага поради загубата на еден таков инспиративен уметник и прекрасен човек“, рече таа.

Мит Лоф е познат по трилогијата на албумот Bat out of Hel, кој е продаден во повеќе од 50 милиони копии, а особено беше популарен неговиот хит I’d Do Anything For Love.

Scroll to Top