Пејачот Треј Сонгз обвинет за сексуален напад

Американскиот пејач Треј Сонгз е под истрага за наводен сексуален напад во Лас Вегас. Ти-ем-зи пишува дека инцидентот се случил во хотелот „Космополитен“ во текот на викендот.

Сонгз, чие вистинско име е Тремејн Неверсон, го прославил својот 37. роденден во ноќниот клуб „Драи“ во Вегас, а потоа тој и членовите на неговата придружба наводно однеле група жени во хотел. Таму, Сонгз наводно сексуално нападнал една од нив, а таа случајот го пријавила во полиција.

Пејачот и претходно имал проблеми со законот. Пред пет години бил уапсен за напад на полицаец и фотограф по концерт во Детроит, а во 2018 година девојка тврдела дека Сонгз ја нападнал во ноќен клуб во Мајами и побарала отштета од 10 милиони долари. Тој неодамна беше обвинет за неовластен упад на туѓ имот, отпор при апсење и напад на полицаец.

Scroll to Top