Пеле е во депресија, не сака да излезе од дома

Легендарниот бразилски фудбалер Пеле е во депресија по операцијата на колкот и не сака да излезе од дома поради ослабеното здравје. Ова за медиумите го открил неговиот син Едињо.

„Тој е во доста нестабилна состојба. Имаше операција за замена на колкот, но рехабилитацијата не помина идеално. Има проблем со мобилноста и тоа го прави депресивен. Замислете, тој е кралот, секогаш бил толку импозантен, а денес не може да оди како што треба и секогаш мора да има помош. Тој е многу засрамен од таа ситуација. Сега е малку подобро, бидејќи претходно мораше да биде во количка. Не сака да биде виден и да излезе од својот дом“, изјавил Едињо за „Глобо“.

Бразилските медиуми постојано ја следат здравствената состојба на 79-годишниот Пеле. Тој во 1977 година беше на операција за отстранување на десниот бубрег, а лани го оперираше колкот. Познатиот фудбалер се појави и во количка на ждрепката за СП во Москва, а еден месец подоцна колабираше од премореност.

Scroll to Top