Пенелопе Круз и Џулиен Мур блеснаа на Канскиот фестивал

Пенелопе Круз и Џулиен Мур блеснаа на црвениот тепих на свеченото отворање на 71. по ред Кански фестивал!

Фестивалот е отворен со премиерата на филмот на Асгар Фархади, „Сите знаат“, во кој главната улога ја играат сопружниците Пенелопе Круз и Хавиер Бардем.

Пенелопе на свеченоста на отворањето се појави во црн моќен фустан, кој совршено ја истакна нејзината фигура.

Но, фустанот бил толку тесен што сите коментирале за тоа како актерката умешно успеала да ги покрие занесните облини.

Уште една дама блесна на свеченото отворање. Станува збор за актерката Џулиен Мур, која беше видно освежена и расположена.

Пенелопе во неколку наврати беше ѕвезда на Канскиот фестивал. Актерката во 2006 година ја освои наградата за женска улога во остварувањето „Ќе се вратам“, а нејзиниот сопруг Хавиер во 2016 година се претстави со филмот на Шон Пен, „Последното лице“.

71. Кански филмски фестивал ќе трае до 19 мај.

 

 

Scroll to Top