Пенелопе Круз се сонча на јахта помеѓу паузите од снимањето на филмот за Енцо Ферари

Актерката Пенелопе Круз ужива на одмор во Италија. Таа во моментов престојува во Модена, каде што снима филм на Мајкл Ман за Енџо Ферари во кој Лаура, сопругата на италијанскиот возач на тркачки автомобили и основач на автомобилскиот бренд Ферари ја игра шпанската актерка Пенелопе Круз.

Актерката помеѓу паузите од снимањето на филмот ужива на јахта, а друштво ѝ правеле децата и пријателите.

Актерката позната како дама која негува природен изглед и не се подложува на естетски корекции. Таа не е љубител на ботокс и филери, и со години ги игнорира советите да го оперира нејзиниот нос.

Минатата недела актерката беше забележана како се шета во центарот на Модена, каде го посетила и познатиот локален ресторан Да Енцо, каде јадеше тортелини. Таа, исто така, била забележана како снима на најголемиот плоштад Ларго Гарибалди, еден ден подоцна на гробиштата Сан Каталдо, каде што се случувала акција во 1957 година, кога се случил еден од најтажните денови во животот на Ферари, погребот на неговиот син Дино.

Покрај Пенелопе Круз, која во 2008 година доби Оскар за најдобра споредна женска улога за Вики Кристина Барселона на Вуди Ален, Енцо го игра американскиот актер Адам Драјвер.










Scroll to Top