Песната „Барби грл“ слави 25 години постоење, со милијарда прегледи на Јутјуб

Песната „Барби Грл“ од данско норвешкиот бенд „Аква“ која беше голем хит во 90 -тите години е прогласена за најпопуларна и најзаразна песна.

Песната беше издадена во април 1997 година како трет сингл од деби студискиот албум на групата, Аквариум (1997).

„Барби грл“ има преку милијарда прегледи на „Јутјуб“, а филмот на Грета Гервиг „Барби“ ја врати популарноста на песната, иако таа нема да се најде како саудтрак на филмот. Тоа е поради тоа што „Мател“ ја тужеше групата „Аква“ во 90-тите и загуби.

Песната беше напишана од Сорен Растед, Клаус Норин, Рене Диф и Лене Нистром, а беше продуцирана од Џони Џем, Делгадо, Растед и Норин. Напишана е откако Растед видел изложба за кич културата во Данска на која биле прикажани кукли Барби.

Scroll to Top