Песната со која Шакира го исмеа Пике сруши рекорд на Јутјуб, но ја подели јавноста: за едни се понижила, други велат требала уште да го гази

Најновата песна на Шакира, во која го исмеа Жерар Пике и неговата врска со Клара Чиа Марти, за еден ден има 63 милиони прегледи и го сруши рекордот на Јутјуб. Во песната Шакира пее дека таа вреди колку две 22-годишни и дека е смешно што фудбалерот сменил „ферари за твинго, а ролекс за касио“.

Откако преку ноќ стана хит, песната ја подели јавноста. Едни ја поддржаа колумбиската пејачка, а други велат дека самата се понижила.

„Ако мислиш дека си подобра од некого не го плукаш вака јавно. Тоа само покажува дека си полоша од него“, „Преку глава ми е од твоето лелекање“, „Се гледа дека е огорчена“, „Песната е идиотска“, „Касио се одлични и траат цел живот, јас имам еден преку 15 години. А ролексот служи само за фалење и ништо друго“, „Имаат две деца кои сега гледаат како мајката јавно го исмева таткото, срамота“, се дел од коментарите на оние што ја осудија колумбиската пејачка.

Но, повеќето ја поддржаа Шакира, па велат дека требала уште да го гази поранешниот партнер со кого има две деца.

„Ова е новата химна за сите изневерени жени, ти си кралица“, „Шакира има право да ги изрази своите емоции преку музиката“, „Одлично изиграно, само напред девојко. Фудбалерите мислат дека се семоќни и можат да прават што сакаат“, „Само Џек Спероу може да победи во кавга со жена“, „Не си играјте со Шакира, што нема да те убие, ќе те направи посилна“, се пораките со поддршка.

За потсетување, Шакира и Пике раскинаа по 11 години врска, а брзо потоа Пике почна јавно да излегува со новата девојка. Неколку месеци по раскинувањето на Пике и Шакира, во јавноста се појави видео на кое се гледа дека Пике бил во врска со Клара Чиа барем десет месеци пред да се раздели со Шакира. По ова пејачката ја објави песната која фудбалерот ја нарече циркуз.

(Видео) Шакира го исмеа Пике во новата песна: Замени „ферари“ за „твинго“

 

Scroll to Top