Пике и неговата девојка Клара Киа Марти фотографирани се во Барселона како одат на омиленото место на Шакира.
Фудбалерот ја однесе новата девојка на место кое беше омилено за ова семејство. Тие беа фотографирани додека се држат за раце додека се движат кон ресторанот „99“, омиленото место на Шакира во Барселона. Ексклузивниот ресторан е познат како најдобриот јапонски суши бар, кој го сакаат многу ѕвезди и е вистинска атракција.
Пике до неодамна беше редовен гостин во друштво на Шакира и синовите Саша и Милан. Пејачката, кога и да е во Барселона, доаѓа на ручек или вечера со своите синови.
Коментарите на социјалните мрежи беа насочени против фудбалерот и неговото однесување: „Како не им е доста, зошто повторно и предизвикуваат болка“, „Се надева дека ќе ја запознае Шакира“, се само дел од коментарите.
🙄 ¿Molestando a Shakira?
🗣 Acusan a Piqué y a su pareja Clara Chía Martí, de querer provocar a la cantante colombiana.
🍱 Y todo por haber ido a este lugar ▶️ https://t.co/t4LcYRpxLk pic.twitter.com/xYQsH9Zo91
— Telemundo Deportes (@TelemundoSports) September 9, 2022