Пике лудо заљубен во Шакира

Фудбалерот на „Барселона“ и на шпанската репрезентација, Жерар Пике и по осум години врска е заљубен во Шакира. Тој на својот инстаграм-профил објави фотографија на која ѝ го грицка увото на колумбиската пејачка. Фановите веднаш почнаа да оставаат коментари дека се преслатки заедно, дека совршено си одговараат и дека тие се идеалната двојка.

Шакира и Пике имаат две деца, синовите Милан и Саша. Пред неколку месеци Шпанските медиуми пишуваа дека се разделиле, но тие ги демантираа гласините.

Шакира, потоа беше вклучена и во скандал со затајување данок. Откако беше обвинета дека не плаќала данок на државата, таа плати 18 милиони долари за да не оди во затвор.

 

Scroll to Top