Пике на местото каде гради хотел пронашол 250 гробници

Фудбалерот на Барселона Џерард Пике, пронашол 250 гробници на местото каде што гради хотел. Пред седум години купил земјиште во Коста де Солу, за цена од 20 милиони евра, а план му бил да изгради хотел. Сепак градежните работи се прекинати за некое време поради археолошките наоѓалишта.

Во моментов се утврдува колку се стари гробниците. Еден од археолозите, Алберо Кумпаин, рече дека повеќето од гробниците се празни.

„Можно е гробниците никогаш да не се користени и не биле доволно вредни за да се сочуваат. Тоа е едно од најголемите гробишта во државата“, рече Алберо.

Проектот на изградба на хотелот се планира да продолжи во 2023 година.

Scroll to Top