Фудбалерот на Барселона Жерар Пике ја искористи паузата во Ла Лига со своето семејство да отпатува во САД каде што ќе ја дочека 2018 година.
Пике заедно со Шакира и со синовите синоќа го проследнија НБА-дуелот меѓу Њујорк и Филаделфија.
Дефанзивецот на каталонскиот клуб божиќните и новогодишните празници ги очекува во добро расположение по триумфот над Реал Мадрид во саботното „Ел Класико“.