Светската ѕвезда Пинк доби ѕвезда на Булеварот на славните во Холивуд. На откривањето на ѕвездата друштво ѝ правеа сопругот Кери Харт и нивните две деца.
„Ова е наверојатно. Неодамна размислував и се навраќав на кариерата која некако успевам да ја одржувам. Мојот прв договор за албум го потпишав пред 23 години“, рече меѓу другото Пинк пред новинарите и насобраната толпа.
Добитничката на Греми рече и дека во кариерата постигнала сѐ што сакала да постигне.
„Отсекогаш знаев кои ми се силни точки. Не продавам секс и парфеми, не сум најубава, ниту најдобра. Згодна сум, имам доволно талент и работам на моите вештини. И кога не продавав албуми, ги полнев салите. Не морав да победувам на натпревари за популарност. Сакав да бидам уметник кој оди на турнеи и да биде одлична во тоа што го работи. На речиси 40 години можам да кажам дека сум одлична во тоа што го работам“, додаде Пинк.