Пипа Мидлтон е бремена

Пипа Мидлтон, сестрата на војвотката Кејт Мидлтон, е во блажена состојба ѝ го очекува своето прво дете со сопругот Џејмс Метјуз.

Пипа, како што пренесуваат странските медиуми, неодамна дознала за нејзината бременост. Некои од медиумите пренесуваат дека тоа било во октомври.

Нејзината сестра Кејт деновиве на свет се очекува да го добие своето трето дете. Во јавноста се зборува дека сестрите сакале да забременат во исто време, но, Кејт ја претркала Пипа.

„Сестрите се многу поврзани, па Пипа, веднаш после Џејмс, среќната вест и ја соопштила и на Кејт“, вели извор близок до кралското семејство.

 

Scroll to Top