„Пиратите од Карибите“ добиваат женска верзија со Марго Роби

Марго Роби ќе биде главната ѕвезда на женската верзија на „Пиратите од Карибите“, што ќе ја прави „Дизни“, објавија холивудските медиуми.

Проектот засега нема наслов, но тој нема да биде спиноф или продолжение на франшизата со Џони Деп, ниту, пак, е поврзан со верзијата што ја прави авторот на серијата „Чернобил“, Крег Мејзин.

„Пиратите“ со Марго Роби ќе има сосема нови ликови и нема да има врска со серијалот со Џони Деп, кој заработи повеќе од 4,5 милијарди долари. Познато е дека сценариото ќе го пишува Кристина Ходсон, која соработуваше со Роби и на последниот филм за Харли Квин.

Scroll to Top