Пит и Џоли се договорија за разводот

Бред Пит и Анџелина Џоли го финализираат разводот, пренесе Контакт Мјузик.

Двајцата објавија дека се разделиле во септември 2016 година и по долг судски спор веќе се договориле за заедничко старателство над шесте деца и другите услови.

„Условите за разводот веќе се утврдени. Оформени се од двете адвокатски екипи и ќе бидат заведени до недели. Тоа е целосна промена на состојбата на работите кога нивниот брак ќе биде завршен, особено со оглед на барањата на Анџелина Џоли. Но, сега тие се во многу добри односи“, изјавил човек од нивната средина пред „Сан“.

Главната работа е што тие се договориле за децата. Тие се на возраст од 16 до 9 години. Најголемиот е Медокс. Пакс е 14, Захара – 13, Шајло – 11, и близнаците Вивиен и Нокс – на 11 години.

„И двајцата одлучија дека е многу важно за децата да се почитуваат меѓусебно. Клучот е дека се разбраа да го делат старателството, откако Бред ќе има пристап до децата и разговараат за организациските прашања поврзани со работата и патувањата. Имаше гласини дека се откажале од разводот, но тоа не е случај“, додаде истиот извор.

По разделбата со Анџелина Џоли, Бред Пит тргнал на терапија „за да стане подобар човек и татко“. Тој признал по распадот на неговиот брак дека пиењето станало проблем. Засега Бред Пит уште не излегува многу со децата, но би сакал да поминува повеќе време со нив.

И двајцата веќе имаат врски со други луѓе, пишува „Daily Mail“.

„Бред Пит го промени својот живот по разделбата. Отпрвин седеше многу дома и често беше многу депримиран. Со месеци не излегуваше, но од неодамна излегува повеќе. Се среќава со блиски пријатели на ручек или вечера“, рече негов близок.

Scroll to Top