Плачев додека одев кон олатарот, Џејда откри дека не сакала да се омажи за Вил Смит

И после две недели од инцидентот кога Вил Смит го удри Крис Рок на церемонијата на Оскарите, холивудскиот актер и неговата сопруга Џејда се главна тема во медиумите.

Тие веќе ѝ открија на јавноста дека се во отворен брак, а неколкуте афери што ги имала таа му ги признала на сопругот. Таа дури и детално раскажа во 2020 година, во емисијата Red Table Talk, за нејзината врска со младиот рапер Аугуст Алсин. Но сега излезе и ново видео од истата емисија, во која Џејда вели дека не сакала да се омажи за Смит и дека плачела додека се приближувала до олтарот.

„Бев под голем притисок, знаете, јас бев млада актерка, а бев бремена и едноставно не знаев што да правам. Никогаш не сакав да се мажам“, додала таа.

На снимката од 2018 година, Џејда Смит се присети како нејзината мајка Адриен Банфилд-Норис ги принудила неа и Вил да се венчаат, бидејќи во тоа време била бремена со нивниот син Џејден.

„Навистина не сакав да се омажам“, повторила Џејда додека седи на тркалезна маса со нејзиниот сопруг, мајка ѝ и ќерката Вилоу.

Scroll to Top