„Планетата на мајмуните: Војна“ – Филмот кој ги воодушеви критичарите

Во филмот „Планетата на мајмуните: „Војна“, во третиот и последен дел на популарниот блокбастер франшиза, кој стигнува низ кината на Балканот, денеска, режисерот Мет Ривс и актерската екипа ни носи битка за превласт меѓу интелегентните мајмуни и луѓето.

Публиката ќе биде сведок на клучниот момент, кој ја одредува судбината на луѓето од целата планета засекогаш – ќе биде воведена во емоционално патување од главниот лик Цезар, предводникот на мајмуните, кој има за цел да го обезбеди неговиот заеднички нов дом, иако е растргнат меѓу верувањето во семејствата и честа, и желбата за одамзада која ја има вознемирено неговата душа.

 

Во главните улоги ќе ги гледаме Вуди Харлесон, Стив Зен и Енди Серкис, кој ги следевме во последните два продолженија на овој филм.

„Приказната за мајмуните е во подем уште од кога сјајниот Енди Серкис ја превзеде улогата на Цезар, водачот на заедницата на мајмуните во 2011 година. Во третиот дел, Серкис – во неговото специјално оддело за снимање – претставува поезија во движење.

Режисерот Мет Ривс чија лична војна меѓу водачите на мајмуните и негативецот Пуковник, е неверојатно возбудлива во овој легендарен и амбициозен дел на приказната за мајмуните“, наведува Питер Траверс од магазинот Ролинг Стоун.

Картите за премиерното прикажување на филмот на „Планетата на мајмуните: Војна“, се пуштени на продажба во големи и можат да се купат на благајните.

Scroll to Top