По 14 години, Еминем ја продава куќата во Детроит

Светски познатиот рапер Еминем ја продава куќата во Детроит за цена од два милиона долари. Пред 14 години Еминем ја купил за 4,75 милиони долари. Куќата има шест спални соби, девет големи и една мала бања и е 1.500 квадратни метри.

Секоја спална соба е посебна единица, апартман, па има голем простор внатре. Од фотографиите се гледа дека внатрешноста е во дрво. А во рустичен стил се и кујната, трпезаријата, бањата. Надворешноста, пак, е со базен, тениско игралиште, спа, како и гостинска куќа, во која има и соба за забава.

Scroll to Top