Холивудскиот глумец Вилијам Болдвин откри дека на неговиот син Венс (17) лани му бил откриен рак, но дека тој ја победил болеста. 56-годишниот глумец на „Инстаграм“ објави слики од синот и емотивна порака за неговата борба со ракот. Вилијам напиша дека и Венс и целото семејство биле храбри и смирени во борбата со ракот и дека мирот и посветеноста во тешката ситуација резултирале со победа над страшната болест.
„Пред една година на син ми Венс му беше дијагностициран рак. Тогаш имаше 16 години и остана мирен како сите ние. Помина 28 тури хемотерапија, но и понатаму остана многу позитивен, смирен, живеејќи што е можно понормален живот… секој ден. Малиот е опасен. Остар како жилет, неверојатно смешен, цврст како нокт и со срце од злато. Храброст. Сила. Срдечност. Став. Воин. Никогаш немам видено нешто слично на тоа. Никогаш не сум бил толку горд. Те сакам сине“ напиша актерот и им заблагодари на сите за поддшката.
Неговата сопруга Чајна Филипс ја коментираше објавата со зборовите „Нашето дете, нашиот јунак“. Били и Чајна, поренешната пејачка на триото „Вилсон-Филипс“ се во брак од 1995 година, а освен Венс ги имаат ќерките Џејмисон и Брук.
Вилијам, пак, е еден од четворицата браќа Болдвин, со Даниел, Алек и Стивен. Тој се прослави во 1990те години со филмовите „Сливер“, „Внатрешни афери“, а последниве години глумеше во неколку серии.