По 8 месеци брак, Мајли Сајрус се разведува

Пејачката Мајли Сајрус лани се омажи за актерот Лиам Хемсворд. И додека нивниот брак на прв поглед изгледа совршен, кружат гласини дека младиот пар одлучил да се раздели на некое време. Обожавателите први забележале дека нешто не е во ред кога познатата пејачка на социјалните мрежи сподели фотографија на која не ја носи бурмата.

„Лиам и Мајли се договорија да се разделат на некое време. Олучија дека најдобро им е да посветат самите на себе и на кариерите“ – изјави близок извор за People, а додаде и дека парот заедно се грижи за домашните миленичиња, кучињата Еми, Мери, Џејн, Бин и Хепи, прасето Пиг и двете мачки кеке и ЛиЛо.

„Ве молам почитувајте го нивниот избор и дајте им приватност“ – стоеше на крајот.

Како за потсетување, австралискиот актер и ѕвездата на „Хана Монтана“ врската ја започнаа во 2010 година, а потоа два пати раскинаа во 2012 и 2016 година. На 23 декември лани се венчаа.

Scroll to Top