По борбата со килограмите, Ева Лонгорија конечно во топ форма

Актерката Ева Лонгорија пред десет месеци го роди своето прво дете, а според нејзината сегашна фигура конечно се црати во топ форма, пишуваа медиумите. Откако на доделувањето на наградите на „Billboard“, пред помалку од една недела, ги воодушеви присутните со краток фустан (во кој случајно ја покажа и долната облека), 44-годишната актерка сега повторно блесна на  црвениот тепих.

Лонгорија на настанот „Global Gift Foundation Women Empowerment Luncheon“, во Беверли Хилд, се појави во валкано бел фустан со миди должина на кој на струкот му додала ремен и нè потсети на еден од најдобрите стилски трикови кои секоја жена треба да ги знае.

Истакнувајќи го најтесниот дел од телото, односно струкот, оваа фотографија ја направи визуелно уште повитка и создава илузија на женствени облини.

Актерката воодушеви и со својот избор на чевли, тробојните сандали со висока потпетица, кои се вистински моден хит.

Scroll to Top