По долго криење, Итан Хоук прошета со дадилката со која ја изневери сопругата

По долго криење, холивудскиот актер Итан Хоук бил виден во попладневна прошета со дадилката со која ја изневерил сопругата, пишуваат американските таблоиди.

50-годишниот актер повеќе од година дена се немал појавено во јавност, па сега ги изненади фановите кога среде Њујорк прошета со сопругата Рајан Шохјуз, која некогаш работела како дадилка на неговите деца, кои Хавк ги доби со актерката Ума Турман.

Случани минувачи на улица го препознаа актерот, пред сè поради долгата седа коса, која ја имал собрано во опашка. Итан за оваа пригода се одлучил да се облече во лежерно издание.

На себе носел фармерки и трапер-јакна со црвена марама околу вратот. Неговата поранешна љубовница и сегашна сопруга, со која актерот има две ќерки, исто така била облечена во опуштено издание.

Итан и Рајан ги имаат 12-годишната ќерка Клементина и деветгодишната Индијана. Се венчаа три години по разводот на Итан со Ума Турман.

За потсетување, Итан и Ума се запознаа на филмскиот сет и беа на добар пат да станат еден од најпопуларните холивудски парови. Двајцата ги разочараа големиот број фанови, откако Ума го откри неверството на Итан во 2005 година, кога објави дека ќе се разведе по седум години брак.

Итан се правдал дека не можел да го издржи притисокот што го чувствувал од неа и дека бил депресивен. Актерот деновиве се подготвува за нова улога во воениот филм Zeros and Ones, во кој ќе глуми војник од Рим, кој се нашол под опсада.

 

 

Scroll to Top