По долго време, Мег Рајан фотографирана со нејзината ќерка, која ја посвои од Кина во 2006 година.

Мег Рајан деновиве беше фотографирана во ретко излегување со нејзината 20-годишна ќерка Дејзи.

Фотографите ги снимиле на улиците на Њујорк. Тие посетија книжарница и продавници за облека.

Дејзи неодамна беше во Сараево со актерката на Сараевскиот филмски фестивал. На фестивалот Рајан ја доби почесната награда „Срцето на Сараево“ за нејзиниот придонес во филмската уметност.

Мег ја посвои Дејзи од Кина во 2006 година, кога девојчето имаше две години.

Scroll to Top