По една година врска раскинаа Џеси Џеј и Ченинг Тејтум

Британската пејачка Џеси Џеј и американскиот глумец Ченинг Тејтум раскинаа по една година врска. Веста за нивната разделба ја објави „Ас викли“, а ја потврдија и извори блиски на двојката.

„Џеси и Ченинг раскинаа пред околу еден месец. Тие сè уште се блиски и добри пријатели“, рекол изворот.

Дека се во врска, тие потврдија лани во октомври, но се гледале и неколку месеци претходно. Во текот на изминатата година тие скоро воопшто не се појавуваа заедно во јавноста.

Пред врската со Џеси, Ченинг беше во брак со глумицата и танчерка Џена Деван, со која има ќерка. Двојката се раздели во април 2018 година.

Scroll to Top