По гласините дека е во врска со Луис Хамилтон, Шакира на вечера со кошаркарот Џими Батлер

Пејачката Шакира е забележана во друштво на кошаркарот на Мајами Хит, Џими Батлер, а извор изјавил за „Пејџ сикс“ дека вечерале во ресторан во Лондон доцна навечер.

Иако тие се обиделе да останат незабележани додека влегувале во луксузниот ресторан, парот излегол од ресторанот со разлика од само неколку минути, излегувајќи преку задниот излез. Обезбедувањето на Џими наводно и помогнало на пејачката да влезе во неговиот автомобил, изјавил извор за магазинот.

Инаку, Шакира во јуни гостуваше на натпреварот каде што играше Батлер, а потоа почнаа да се следат на социјалните мрежи, а ова е нивно прво јавно појавување заедно.

Претходно кружеа гласини дека пејачката се забавува со возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон. Како што пишува локалниот „Сан“, споменатиот пар бил интимен за време на викендот во Ф1, а колумбиската пејачка го следела од трибините. А подоцна заедно се забавувале.

Да потсетиме, Шакира беше во долгогодишна врска со фудбалерот Жерар Пике, а парот раскина по неговата афера со Клара Чиа Марти.

Scroll to Top