По Меган и Хари и Бритни Спирс кај Опра, пејачката е подготвена да открие за манипулациите на татко ѝ како го контролира нејзиниот живот

By

По многу години молк и водење таен живот, поп-пејачката Бритни Спирс е подготвена пред јавноста да ја отвори душата и да проговори за многуте стравови кои ги трпела во изминатите 12 години. По Хари и Меган и Бритни е подготвена да гостува во шоуто на популарната водителка Опра Винфи, пишуваат светските медиуми.

Извор близок до пејачката велат дека по долго време, таа сака да ја отвори душата и да објасни што се случувало во изминатите 12 години.

Бритни е позната по тоа што не е љубител на давање на интервјуа, поради големиот број на осуди кои ги трпела од медиумите. Од таа причина, таа најмногу доверба има кај Опра. Бритни поддршка добила и од голем број луѓе кои ги осудуваат постапките на нејзиниот татко, за кого се смета дека го контролира и манипулира со животот на пејачката.

„Бритни размислува да проговори за своето минато, главно затоа што смета дека другите не би требало да ја раскажуваат нејзината приказна. Секогаш и било тешко да дава интервјуа, но, ако некогаш се одлучи на такво нешто, Опра би била првиот избор“, изјавил извор близок до пејачката.

Тој вели дека многумина обожаватели веруваат дека нејзиниот татко Џејми Спирс, кој има старателство над пејачката, веќе 12 години го контролира и манипулира со животот и финансиите на пејачката и не и дозволува да има нормален живот.

„Секоја нејзина фотографија која ќе ја објави, е преплавена со коментари за поддршка и понуда за помош. Луѓето ги анализираат нејзините фотографии, бараат некаков контекст, значење и во најмалите детали гледаат крици за помош. Не се согласуваат за тоа што и го прави татко ѝ“, открива изворот.

Судот пресуди Џејми Спирс да има целосно старателство над Бритни Спирс, откако таа пред повеќе од 12 години доживеа нервен слом. Обожавателите сметаат дека на тој начин, Џејми ги забранува нејзините јавни настапи.

Беше покренато и движењето #FreeBritney, кое и даде голема поддршка на пејачката. Јавноста дополнително беше заинтригирана од фактот што Бритни неодамна ангажираше и адвокат, со чија помош побара од надлежните институции, поништување на одлуката за старателство.

Од друга страна, татко ѝ Џејми, ги отфрли и ги негираше сите вакви обвинувања за манипулирање на нејзината ќерка.

„Ја сакам мојата ќерка и сите мои деца. Ова е наша приватна работа“, изјавил тој за медиумите.

Следното сослушување ќе се одржи во април, а пејачката се надева дека судот ќе го прогласи нејзиниот менаџер Џоди Монтгомери за постојан старател.

Блиски извори до пејачката откриваат дека и покрај големиот број маки, таа во последно време е сè посреќна поради големата поддршка која ја добива од своите обожаватели.

Ќе ви се допадне

AniWatch anime: The Misfit of Demon King Academy (Dub) Episode 13

WCOStream watch cartoons online wcostream: That Time I Got Reincarnated as a Slime Season 2 (https://wcostream.cc/m/bYyG) Episode 12