По неколку пива Шварценегер откачи на Октоберфест

Популарниот актер Арнолд Шварценегер заедно со неговата девојка Хедер Милиган се забавуваа  на Октоберфест. Фестивалот беше отворен во саботата, а популарниот „Терминатор“ бил снимен додека наздравувал со пиво со неговата 28 години помлада партнерка.

По неколку пива, Шварценегер раположен се качил на бината  каде нестапувала една рок група. Актерот почнал да пее и игра, до толку што го украл шоуто на бендот. „Овој октачи на бината“, се шегувале присутните.

Шварценегер е голем љубител на пивото и фестивалот во Германија. Никогаш ги нема заборавено своите австриски корења и секоја година е дел од германскиот пивски фестивал. Минатата година друштво му правеше неговиот син Патрик.

Scroll to Top