По несреќата, повеќе не сум истиот човек, интимна исповед на принцот Вилијам за времето кога работел како пилот во итната помош и му го спасил живот на тешко повредено момче

By

Принцот Вилијам откри како страдал од депресија поради страшните слики со повредени деца што морал да ги гледа додека работел како пилот за итната помош. Принцот спасил голем број детски животи, кои во тоа време биле неколку години повозрасни од неговиот син, принцот Џорџ.

dobivaj vesti na viber

Вилијам, во поткастот, кој ќе биде емитуван в понеделник, Prince William: Time To Walk, се потсети на една случка во 2017 година кога се случила тешка автомобилска несреќа, во која тешко повреден бил петгодишниот Боби Хаџес. Од несреќата на Боби му бил отечен мозокот.

„Кога стигнавме на местото на несреќата, во главата ми беше само едно нешто – како да му помогнам на момчето. Родителите му беа хистерични, како што можете да замислите, викаа, плачеа, беа во агонија. Тие слики живеат со мене. Таа вечер си заминав прилично вознемирен. Не плачев, но, длабоко во себе чувствував дека нешто се промени во мене. Чувствував некаква напнатост, која растеше во мене. Ми беше толку мачно како целиот свет да умира“, се присети Вилијам.

Како минуваа неделите, станував уште поочаен. Едноставно, чувствував болка, страдав. А тоа не бев јас. Никогаш го немав тоа почувствувано. Мојот личен живот беше во ред. Бев среќен дома и на работа, но истовремено продолжив да гледам во себе и да се запрашувам зошто се чувствувам така. Зошто се чувствувам толку тажно. Почнав да ги разбирам траумите и тагата на сите тие луѓе. Сето тоа влијаеше на мене“, рече Вилијам.

„Разговорите со колегите и разговорите со семејствата на момчето ми помогнаа со време да ги победат сите демони“, призна Вилијам.

Поткастот трае 38 минути, а бил снимен уште во февруари како дел од аудиосеријата во која славните лица ги споделуваат своите интимни спомени.

„Ваквите видови интервјуа не можете да ги слушнете често. Тоа е длабок и значаен приказ на војводата од Кембриџ не само како член на кралското семејство туку и како личност“, изјави извор близок до кралското семејство.

За потсетување, момчето Боби за кој Вилијам зборува во поткастот во 2017 година бил удрен од возач, кој во тоа време полагал автошкола. Момчето си играло со другарите пред својата куќа во Есекс кога возачот, наместо на кочницата, не сакајќи стиснал на гасот.

По несреќата, принцот останал во контакт со 10-годишното момче и неговото семејство. Родителите морале да ги напуштат своите работни места за да може да се грижат за него.

Сакам да знаете дека мислам на вас. Како татко, можам да ја разберам вашата болка, но вашиот син е во најдобри раце, со него работат фантастични луѓе. Сигурен сум дека ќе му биде подобро. Тука сум за сè што можам да направам за вас, сè што е потребно за рехабилитацијата на Боби“, им напишал Вилијам.

„Вилијам ни рече дека сето тоа влијаело на него како татко и дека ја чувствувал нашата болка. Тој е неверојатен, има добро срце, тој е прекрасен човек. Се гордеам што еден ден ќе можам да го наречам мојот крал“, рече Карли Хаџес, мајката на Боби.

 

Ќе ви се допадне