По обвинувањата за сексуално вознемирување Сигал најави тура низ Австралија

Американскиот актер и специјалист за боречки вештини Стивен Сигал најави тура низ Австралија на која ќе зборува за неговата кариерата и ќе ги прераскажува класичните хит филмови, пишува „Дејли Мејл“.

Неговото шоу кое ќе се вика „Аn Evening with Steven Seagal“ и ќе започне да се емитува од февруари 2019 година. Шоуто ќе го промовира Макс Марксон, кој претходно слични вакви шоуа организирал и за филмските ѕвезди Чарли Шин и Арнолд Шварценегер.

Картите за една вечер ќе чинат по 349 долари, а голем број на фанови на филмската ѕвезда, по социјалните мрежи пишуваат дека неговата појава несомнено ќе биде контроверзна, поради неговото однесување во минатото кое било надгледувано од движењето #MeToo.

Сигал уште повеќе го сврте вниманието кон себе по интервјуто со новинарката на „Би-Би-Си“ Кристи Варс, кога по прашањата за наводното сексуално вознемирување, актерот станал и си излегол од студиото.

„Вие бевте поврзани со обвинувањата за сексуално вознемирување. Сакам да ве прашам како се носите со ваквите обвинувања против вас? Сигал не одговори на прашањето, туку само стана и си замина.

Актерот и претходно ги негираше и ги отфрли сите обвинувања кои се покренаа против него. Тој беше обвинет за сексуално вознемирување од страна на актерките Џени Мекарти, Јулијана Маргулиес и Портиа де Роси.

Во септември, обвинителот во Лос Анџелес соопштил дека обвинението за силување од 1993 година што го примиле против Сигал, нема да резултира со обвинение поради статутот на ограничувања.

Случајот на Сигал бил разгледан од страна на работна група формирана да ги процени наводите за сексуална злоупотреба во индустријата за забави, во пресрет на десетиците жени кои за истата работа го обвинија и филмскиот магнат Харви Вајнштајн.

Scroll to Top