По парализа на лицето Џастин Бибер повторно ѝ се врати на музиката

Канадскиот пејач Џастин Бибер по парализата на лицето ѝ се врати на музиката. Поради здравствени проблеми, беше принуден да ја откаже светската турнеја. Неодамна најави дека ќе ја продолжи летово. Неговиот претставник потврди дека Justice World Tour’ 31 ќе почне на 31 јули.

Бибер прво ќе пее во Италија на фестивалот Lucca Summer по што ќе оди на турнеја низ Европа. Потоа ќе продолжи во Јужна Америка, Јужна Африка, Блискиот Исток, Азија, Австралија и Нов Зеланд. За Северна Америка сè уште нема датум откако сите концерти беа откажани.

Веројатно ќе се одржат пролетта наредната година.

За потсетување, Бибер пред повеќе од месец дена мораше да ја откаже светската турнеја по повод промоцијата на новиот албум Justice, поради парализа на лицето која се вика Ramsay Hunt синдром.

„Како што можете да видите, не можам да мрдам дел од моето лице. Го имам овој синдром кој се нарекува Ramsay Hunt синдром и тоа е од вирус кој ги напаѓа нервите во моето уво и фацијалниот нерв и затоа не можам да мрдам дел од моето лице. Срцето ми се крши што ќе морам да ги одложам следните неколку настапи, затоа што лекарите така ми наредија. Ве сакам сите, ќе одморам и ќе оздравам“, им рече тогаш  Џастин на фановите.

 

Scroll to Top