По разводот со Кание, Ким си најде нов дечко

By

И покрај тоа што се уште е актуленен разводот меѓу Ким Кардашијан и Кание Вест, американските таблоиди пренесуваат дека таа веќе го преболела поранешниот сопруг и е подготвена за нова врска. Како најсериозен кандидат го избраа името на американскиот рапер Дрејк.

Дрејк и Ким веќе одамна се забавуваат, пишуваат американските таблоиди, а откако разводот стана и официјален, Дрејк сега се надева дека ќе успее во врската со американската старлета.

„Дрејк никогаш не сваќаше што Ким гледа во Кание. Со години зборуваше дека тој не е за неа и дека таа на крајот ќе биде повредена“, открива извор близок до музичарот.

Дрејк наводно и испраќал пораки на Ким, веднаш откако таа го поднела барањето за развод.

„Дрејк беше изненаден од тоа што на Ким и требаше долго време да свати дека Кание не е за неа. Тој почна да и праќа пораки веднаш откако стана јасно дека разводот ќе биде неизбежен. Тој е подготвен за врска со неа и убеден е дека наскоро тоа ќе се случи“, изјавил извор близок до Дрејк.

За потсетување, Дрејк и Кание веќе имаа вербални конфликти, кои главно беа поврзани со атрактивната Ким. Фановите на Дрејк веруваат дека тој во неколку свои песни алудирал на тоа дека имал сексуални односи со старлетата, а на Кание не му се допадна тоа што досега тој не го демантирал тоа.

Кание наводно веќе ги променил броевите од телефоните и комуникацијата со Ким во наредниот период ќе се одвива преку нивните телохранители.

 

 

Ќе ви се допадне

ANIMEFLIX anime sites: So I'm a Spider, So What? Episode 13

KissAnime hunter x hunter kissanime: Watch Boruto: Naruto Next Generations Episode 90 (https://kissanimeonline.com/m/j9Z7/ep-90)