По речиси половина век, АББА објави нов спот за легендарната песна „Chiquitita“

Шведскиот бенд „АББА“ објави нова верзија на спотот со стихови за нивниот хит „Chiquitita“ од 1979 година. Песната, која е водечки сингл од албумот „Voulez-Vous“, важи за една од најуспешните во историјата на бендот.

„Chiquitita“ е една од ретките песни на „АББА“, кои се објавени без посебен видеоспот. Па за видеото е користена телевизиска верзија на песната, снимена од Би-би-си во Швајцарија во 1979 година. Спотот е снимен на планинска падина со снешко во позадина. Додека овој пат тој има стихови.

Бендот неодамна повторно се обедини за да го издадат „Voyage“ – деветтиот студиски албум на бендот, кој е прв по 40 години. Тие најавија и концертно искуство – со нивните дигитални аватари, придружени од бенд во живо. Првиот концерт е закажан на 27 мај.

Scroll to Top