По силиконскиот вибратор, Гвинет Палтроу сега ја рекламира својата облека

Американската актерка Гвинет Палтроу сама ја рекламира нејзината нова колекција облека за жени, G. Label, која се продава преку интернет. Пролетната колекција на Палтроу има девет парчиња облека, а може да се порача единствено преку веб-страницата „Гуп“.

Актерката и дизајнерка (48) моделите од пролетната колекција ги нарече „најважни луксузни работи во гардеробата“. Освен облека, Палтроу преку „Гуп“ дава совети за здрав и среќен живот, продава и асесоари и предмети за домот, а особено популарни се миризливите свеќи со арома на вагина и силиконските вибратори.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by goop (@goop)

Scroll to Top