Дел од претстојните проекти на актерот Вил Смит се прекинати по скандалот на Оскарите, пренесува The Hollywood Reporter. Откако глумецот се повлече од Американската филмска академија и „Нетфилс“ и „Сони“ му ги откажаа проектите во кои тој учествува.

„Нетфликс“ веднаш бараше нов режисер за филмот Fast and Loose, откако Дејвид Лич се повлече од проектот. Во филмот Вил Смит требаше да глуми шеф на мафија кој има проблеми со помнењето. „Сони“ исто така го паузираше снимањето на Bad Boys 4 „Лоши момци 4“.