По смртта на Робин Вилијамс, многу повеќе самоубиства во САД

By

Во САД неодамна е направена студија со која се вели дека по самоубиството на актерот Робин Вилијамс, нивниот број во земјата е многу зголемен. Во оваа студија се вели дека има дури 1.841 случај на самоубиства повеќе од очекуваниот број во 2014 година. По самоубиството на Вилијамс, бројот пораснал дури 10 отсто, и тоа во првите пет месеци.

Според студијата, ова е резултат на популарноста на актерот, чија смрт била премногу детаљно објаснувана во медиумите. Кон неетичкото објаснување на деталите за смртта на Вилијамс не само што не се придржувале помалите медиуми туку правилото го прекршиле и носечките медиуми во земјата. Со тоа ги поттикнале лабилните лица да го копираат начинот на самоубиство на славниот актер.

Робин Вилијамс се обеси на 11 август 2014 година.

Ќе ви се допадне