По срамните фотографии Кание и Бјанка добија доживотна забрана да се возат на брод

Раперот Кание Вест со сопругата Бјанка Ценсори добија доживотна забрана да се возат на брод откако беа видени низ Венеција. Раперот беше со соблечени панталони, па компанијата Venezia Turismo Motoscafi, која им го изнајми бродот доживотно им забрани да пловат во нивните чамци.

Според Venezia Turismo Motoscafi, тие не знаеле за инцидентот додека не ги виделе фотографиите кои се раширија на социјалните мрежи и медиумите.

„Возачот мораше да внимава на сообраќајот и не ги виде. Да ги видел, веднаш ќе ги симнел и ќе ги пријавил кај надлежните“, велат од компанијата. За инцидентот обвинија уште едно лице кое било на бродот со Канје и Бјанка и кое според нивните тврдења го блокирало погледот на тој дел од чамецот.

За потсетување, Кание пред неколку дена уживаше во возење со сопругата. Седеше на подигнатиот дел од чамецот, па во еден момент беше снимен со спуштени панталони. Не се знае дали тоа го направил намерно или случајно. Дури и неговата бивша Ким Кардашијан се огласи и рече дека тоа што го прават не е во ред.

Двајцата веќе подолго време привлекуваат внимание во Италија, најмногу со модните комбинации. Кание е облечен во црно од глава до пети, додека неговата сопруга излегува во јавност речиси гола.

 

Не е добар, не знам што да им кажам на децата, рече Ким за однесувањето на Кание и неговата девојка во Италија

 

Scroll to Top