По убиството на снимателката Хачинс, ќерката на Алек Болдвин добила смртни закани

Ќерката на Алек Болдвин, Ајраланд почнала да добива смртни закани по инцидентот кој се случи за време на снимањето на филмот „Рѓа“ во Ново Мексико. За време на сетот, татко и на Ајраланд, Алек Болдвин ја уби снимателката Халина Хачинс и го рани режисерот Џоел Соуза .

Ајраланд напишала порака за поддршка на татко ѝ и призна дека покрај низата пораки од луѓе кои не ги познавала и кои ѝ се заканиле таа добила и пораки со поддршка.

„Меѓу сите одвратни и заканувачки коментари, е-мејлови, текстуални и говорни пораки кои ги добив имаше и убави коментари. Го познавам мојот татко, а вие едноставно не. Те сакам тато“, напиша Ајралнд.

„Работев со прилично глупи селебрити лица, но, твојот татко никогаш не беше таков. Сакаше само да биде сигурен дека во хотелската соба има млеко и житарици кога ќе му дојдат во посета. Тоа беше тоа. Тоа секогаш ќе го ппаметам“, и напиша еден од нив.

Ајраланд и претходно веднаш по инцидентот го поддржа татко ѝ.

„Иако не се гледаме често, сакам да знаете дека го сакам и почитувам повеќе од било кој друг. Мојата љубов и поддршка се со семејството и пријателите на Халина Хачинс. Испраќам исцелувачки мисли на Џоел Соуза. Сакам да можам да го прегрнам татко ми“, напиша тогаш таа, веднаш по трагичната несреќа.

За потсетување, Ајраланд е ќерка на Алек Болдвин кој ја доби во бракот со глумицата Ким Бесинџер, со која се разведе во 2002 година.

Scroll to Top