Победникот на Евровизија, Немо, во Цирих пречекан како херој: „Ми покажаа колку е убаво да се биде во заедницата“

Победникот на Евровизија, Немо, во неделата беше преплавен од стотици обожаватели при пристигнувањето на аеродромот во Цирих во Швајцарија.

Швајцарската ѕвезда (24) стана првиот небинарен победник на натпреварот во саботата кога со песната The Code освои 365 поени ос жирито и 226 од јавноста за вкупно 591.

Беше пречекан со овации и аплаузи кога се врати дома, а навивачите беа видени како веат знамиња и транспаренти и го скандираат името на Немо.

Немо објави дека не е бинарен во ноември и ја откри нивната песна The Code и се надеваше дека луѓето ќе застанат во одбрана на целата LGBTQIA+ заедница со појавувањето на натпреварот.

Немо заедно со тимот блескаше додека излезе пред толпата поддржувачи пред да брза директно да позира за селфи и да потпише автограми.

На прес-конференција подоцна истиот ден Немо го нарече нивното добредојде на аеродромот „исклучително убаво“ и призна: „Ми покажаа колку е да се биде убаво во заедницата“

Музичарот исто така гордо држеше небинарно знаме и се фотографира пред моќните транспаренти направени од обожавателите, на кои пишуваше: „Ние постоиме, инсистираме, опстојуваме“.

Нивната радост поради држењето на знамето доаѓа откога тие се огласија на Евровизија затоа што не ѝ дозволија на публиката да носи небинарни знамиња во арената во Малме, Шведска.

Натпреварот за песна долго време се поврзува со ЛГБТК-заедницата, при што осум од годинешните изведувачи се дел од заедницата, а тројца се идентификуваат како небинарни.

Scroll to Top