Актерката Лиса Бејнс почина по несреќата во Њујорк кога ја удрил електричен ромобил. Имаше 65 години.
Актерката ја удрил возачот на електричен ромобил, кој по несреќата побегнал од местото на настанот, а полицијата сè уште трага по него. Несреќата се случи на 4 јуни, а Лиза почина 10 дена подоцна, во понеделникот, пишуваат американските медиуми.
Лиса таа вечер отишла да се сретне со сопругата Кетрин Кранхолд во еден ресторан, но додека одела по патот, на неа налетало електрично возило. Таа претрпела тешки повреди на мозокот, од кои не била во можност да закрепне. Полицијата замолила да им се јави секој што има информации за инцидентот.
Лиса Бејнс ѝ е позната на пошироката јавност по улогата во филмот Gone Girl во 2014 година и по соработката со Том Круз во филмот „Коктел“ во 1988 година.