Почина актерот Франк Пеше, кој се прослави со улогата во „Топ ган“

На 75-годишна возраст почина актерот Френк Пеше, како последица на компликации со деменцијата. Тој се прослави со улогите во филмовите „Топ Ган“ и „Полицаецот од Беверли Хилс“, објави магазинот Пипл.

Неговата девојка Теми Шер изјави за „Дејдлајн“ дека актерот починал на 6 февруари во Бурбенк, Калифорнија.

Тој е роден во Њујорк на 8 декември 1946 година, а својата кариера ја започна како гостин-ѕвезда во емисии како „Полициска приказна“ и „Којак“ во средината на 1970-тите.

Во текот на животот се дружеше со бројни холивудски легенди, меѓу кои Силвестер Сталоне, Тони Данзе и покојниот Роберт Фостер. 

Со Сталоне почна да се дружи откако заедно работеа на филмовите „Роки“ и „Рајска улица“.

Scroll to Top