Почина американскиот рапер Биз Марки

Познатиот американски рапер Марсел Хал, познат и како Биз Марки, почина во петокот на 57 годишна возраст. Веста ја потврди неговата менаџерка но, не ја наведе причината за смртта.

Тој беше познат по неговиот хит од 1989 година „Само пријател“, а поради неговите шеговити стихови, го доби и надимакот „Кловновски крал на хип-хопот“. Роден е во Њујорк, а кариерата ја почна како продуцент и диџеј.

На крајот на осумдесетите го објави својот деби албум Goin’ Off и за кратко стана популарен со неговите раперски и хип хоп изведби. Покрај музиката, Биз беше познат и по неговата спредна улога во хит комедијата „Мажи во црно 2“.

Неговите обожаватели и фанови се простуваат преку социјалните мрежи.

Scroll to Top