Почина Бани Вејлер, реге легендата кој пееше со Боб Марли

Бани Вејлер, еден од најважните музичари на регето, почина на 73 години. Музичарот од Јамајка, беше основач на бендот „Вејлерс“ заедно со својот пријател од детството, Боб Марли.

Тие постигнаа меѓународна слава со реге-класиците Simmer Down и Stir It Up, пред Вејлер да реши да гради соло кариера во 1974 година.

Откако продолжи сам, тој освои три наради „Греми“ и беше одликуван со Орден за заслуги на Јамајка во 2017 година.

Причината за смртта на музичарот засега е непозната. Тој беше во болница од мозочен удар во јули 2020 година.

 

Scroll to Top