Почина Бо Голдман сценаристот кој доби Оскар за „Лет над кукавичјото гнездо“

Сценаристот Бо Голдман, кој доби Оскар за филмовите „Лет над кукавичјото гнездо“ и „Мелвин и Хауард“, почина на 90 години во Хелендејл. Веста за „Њујорк Тајмс“ ја потврди неговиот зет, режисерот Тод Филд.

Голдман беше меѓу избраната група сценаристи, меѓу кои и Роберт Таун и Вилијам Голдман, кои се сметаат за едни од најдобрите на неговата генерација. Исто така беше номиниран за Оскар за „Мирис на жената“ во 1993 година.

Оскарот од 1976 година, кој го подели со Лоренс Хаубен, за неговата коадаптација на романот на Кен Кеси „Лет над кукавичјото гнездо“, беше особено импресивно достигнување за него со оглед на тоа што му беше второ сценарио и прво продуцирано, пишува Variety.

Scroll to Top