Почина британскиот рапер Тај

Британскиот рапер Тај почина од коронавирус на 47 години. Веста ја потврди неговиот тим за „Мирор“.

На почетокот на април тој бил префрлен во болница, откако почнал да се гуши. Заради проблемите со дишењето, тој бил тестиран на Ковид-19, а резултатите покажале дека е позитивен на вирусот. Откако му се влошила ситуацијата, лекарите морале да го стават во медицинска кома, а потоа го префрлиле на вентилатор.

Негова блиска пријателка минатата недела објави дека се чувстувувал подобро, но состојбата на раперот нагло се влошила, по што починал.

Тај стана познат кога го објави албумот The Awkward во 2001 година. Неговиот втор албум Upwards во 2004 година беше номиниран за престижната Меркјури награда. Тој потоа објави уште три албуми, од кои последниот, A Work Of Heart, го објави во 2018 година. Раперот соработуваше со познати музички имиња, како „Де ла соул“, Рутс Манува, Тони Ротон…

Scroll to Top