Почина чешка пејачка откако намерно се заразила со коронавирус

Пејачката на чешката фолк група „Асонанс“, Хана Хорка, почина од коронавирус на 57 години. Таа намерно се заразила со корона за да добие ковид потврда, соопштија од нејзиното семејство.

Син ѝ Јан Рек рече дека одбила да се вакцинира ѝ се изложила на вирусот. Јан и неговиот татко кои биле вакцинирани, исто така се заразиле од ковид пред Божиќ.

„Таа одлучи дека повеќе би сакала да го добие вирусот отколку да се вакцинира“, рече Рек кој ги обвини локалните анти-ваксери за смртта на неговата мајка и рече дека ја имаат нејзината крв на своите раце.

„Точно знам кој го оформил нејзиното мислење. Тажен сум што повеќе им веруваше на непознати луѓе отколку на семејството и на нејзините тези за стекнување природен имунитет преку изложеност на болеста“, рече Јан Рек.

Два дена пред смртта, таа напиша: „Преживеав. Беше живописно. Сега ќе има концерти, театри, сауни, патувања до морето“.

За потсетување, во Чешка, потребен е доказ за вакцинација или доказ за неодамна прележан Ковид-19 за присуство на социјални настани.

 

Scroll to Top