Почина Дејвид МекКалум ѕвездата од „НЦИС“

Шкотско-американскиот глумец Дејвид Меккалум, познат по улогите на руски шпион во „Шифра ВУЈЧЕ“ The Man from U.N.C.L.E. од 1960-тите, и како вештакот од „Нејви“ NCIS, почина на 90-годишна возраст. Според медиумите починал од природна смрт.

„Длабоко сме тажни поради смртта на Дејвид Меккалум и чест ни е што „Си-би-ес“ беше неговиот дом толку многу години. Дејвид беше надарен глумец и писател, сакан од многумина ширум светот“, објави „Нејви“ на својот интернет сајт.

За потсетување Меккалум е роден во Шкотска. Беше син на двајца музичари, а имаше филмска и ТВ-кариера што траеше 70 години, од студентски денови во 50-тите на лондонската Кралска академија за драмска уметност, каде што негова соученичка била и легендарната Џоан Колинс. Зад себе има 131 филмски и ТВ-проект.

Scroll to Top