Почина детската ѕвезда на Би-би-си, Маја Лесија Нејлор

Ѕвездата од детската програма на Би-би-си, Маја Лесија Нејлор, почина на 16-годишна возраст. Веста ја објави Би-би-си на нивниот сајт.

„Жал ни е што мораме да ви кажеме дека Маја Лециа, која ја знаете од детската серија Millie Inbetween и Almost Never, за жал почина. Маја беше сакана од детското  семејство на Би-би-си и беше исклучителна актерка, пејачка и танчерка. Ќе ни недостигаш многу“, стои во објавата во која не е наведена причината за смртта.

Маја својата кариера ја започна на двегодишна возраст во остварувањето Absolutely Fabulous.

 

Scroll to Top