Почина девојката на Џејмс Бонд, Маргарет Нолан

Глумицата Маргарет Нолан, позната по улогата во филмот на Џејмс Бонд „Голдфингер“, почина на 76-годишна возраст. Тажната вест за смртта ја потврдил нејзиниот син Оскар Декс.

Од Маргарет на социјалните мрежи се простија голем број пријатели и колеги, меѓу кои и режисерот Едгар Рајт.

„Должност ми е да објавам дека актерката и големата уметничка, одличната Маргарет Нолан, почина. Таа се наоѓаше на средниот дијаграм на Вен за кул 60-тите години, се појавуваше со „Битлси“, стана икона во филмот Бонд, како и дел од тимот „Carry On “, напиша Едгар на „Твитер“.

Тој неодамна соработуваше со Нолан на неговиот филм Last Night in Soho. Маргарет е родена во Сомерсет во 1943 година. Кариерата ја започна како модел, а потоа ја продолжи во филмот, телевизијата и театарот.

Покрај Голдфингер со Шон Конери, таа играше и со Битлси во „Тешка ноќ“ (1964). Кон крајот на осумдесеттите години, таа направи пауза од актерската кариера, а потоа се врати на големото платно во 2011 година како Ивон Дојчман во филмот „Силата на тројцата“.

Маргарет Нолан зад себе остави две деца,  Дикс и Лук О Саливен.

Scroll to Top